Здружението на занаетчии „Овчеполски еснаф“ од Свети Николе традиционално како и секоја година го прославија својот заштитник и патрон Свети Спиридон. Околу 200 занаетчии од најстарите кои ја живеат 9-та деценија од својот живот па до најмладиот 15 годишен чирак се приклучија на прославата која започна утринава во црковниот храм „Свети Николај “ во Свети Николе. За најстарите занаетчии Јордан Гелев, Љубе Златев кондураџии, Драги Андонов столар и Ванчо Гачев часовничар здруженитео на занаетчии им подари икони со ликот на Свети Спиридон. Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев кој се приклучи на прославата ги поздрави присутните и вети од општинскиот буџетот за идната година на здружението да му додели парични средства за понатамошни активности.
Видео обраќање на градонаќалникот Зоран Тасев