|
Работилница за идентификување на потребите на младите |
|
|
|
ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ - СВ.НИКОЛЕ, Општинска Сала 12 00 часот. Почитувани, Ве покануваме на работилница за идентификување на потребите на младите во вашиот град. Целта на настанот е да се отвори дискусија со младите преку која ќе се зборува и ќе се идентификуваат заедничките потреби на младите од Свети Николе. Преку заедничка работа во групи младите ќе ги изразат своите очекувања и размислувања кој и како нивните заеднички потреби може да ги оствари. Преку работилницата младите ќе се запознаат со процесите на застапување и ќе се информираат за понатамошните активности преку кој учесниците ќе можат да се оспособат да застапуваат кон промена која ја посакуваат. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ
|
|
|
4 - та седница на Советот на Општина Свети Николе |
|
|
|
Четвртата седница на Советот на Општина Свети Николе ќе се одржи на ден 16.05. 2013 година (четврток) со почеток во 15:00 часот во големата сала на Општина Свети Николе. За седницата го предлагам следниот
Д н е в е н р е д - Усвојување на Записникот од третатата седница на Советот на Општина Свети Николе одржана на ден 23. 04. 2013година;
Точка 1 Предлог – Одлука за измена и дополнување на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Свети Николе; Точка 2 Извештај за реализација на Општина Свети Николе за првиот квартал за 2013 година; Точка 3 Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Свети Николе за извештајниот период за квартал од 31.01.2013 година до 31.03. 2013 година; |
|
Повеќе...
|
|
Волонтирање во службите на Општината и институции во нејзина надлежност |
|
|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е Градоначалникот на Општина Свети Николе ги известува сите заинтересирани лица од Општината без оглед на степенот и профилот на образованието, како и со завршено високо образование од областа на Општествените науки, Правен, Економски, Градежен и Архитектонски факултет да се пријават за волонтирање во службите на Општината, институции во нејзина надлежност, како и Јавни претпријатија формирани од Општина Св.Николе. Заинтересираните лица можат да ја подигнат апликацијата за волонтирање во Канцеларијата за локален економски развој или на вебстраната на општината www.svetinikole.gov.mk. Со лицата кои ќе бидат ангажирани за овие потреби ќе бидат склучени договори за волонтирање, во кој ќе биде регулиран надоместот кој ќе им се исплаќа и ќе им се издадат волонтерски книшки. Ова известување е со важност заклучно до 17.05. 2013 година. Лице за контакт од општината е Ивана Јорданова со е-маил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и телефон за контакт 075 421 198. ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ Градоначалник, Зоран Тасев ПРИЈАВА ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ |
|
|
Одбележани годишнини и празници |
|
|
|
Со положување на свежо цвеќе на Бистата на Гоце Делчев, во дворот на истоименото училиште, од претставници на општината, невладини организации и граѓански здуженија, беше одбележана 110 годишнината од загинувањето на најголемиот македонски револуционер и деец во селото Баница.  |
|
Повеќе...
|
|
Предавање во употреба на оранжерии и демонстративна фарма |
|
|
|
Со цел да се унапреди квалитетот на земјоделското производство и безбедноста на храна во Република Македонија од минатата година започна да се спроведува Проект за производство на висококвалитетен, сертифициран семенски и саден материјал со целосна подршка од Израел. Во присуство на министерот за земјоделство на Република Македонија Љупчо Димовски, директорот на проекти во МАШАВ - Израел и градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев, на свечен начин беа предадени во употреба новоизградените оранжерии и демонстративна фарма на Средното земјоделско училиште“ Кочо Рацин„ во Свети Николе. 
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 39 |