Архиви

Јавна иницијатива за прибирање на пријави со Предлози за доделување на плакета, признанија, благодарници и спомен плакети – Патрон на градот „Свети Николај“ за 2026 година

Општина Свети Николе преку Одборот за доделување на општински признанија и награди покренува Јавна иницијатива за прибирање на пријави со Предлози за доделување на плакети, признанија, благодарници и спомен плакети – Патрон на градот “Свети Николај” за 2026 година.

Се повикуваат граѓаните, институциите, установите, трговските друштва, здруженијата, спортските клубови и сите заинтересирани физички и правни лица да достават предлози за поединци и организации кои со својата работа, постигнувања, ангажман и придонес заслужуваат да бидат препознаени и наградени.

Краен рок за доставување на предлозите е 30.11.2026 година, до 15:30 часот.

Предлозите можат да се достават по пошта или непосредно во Архивата на Општина Свети Николе, на адреса:

Општина Свети Николе
Плоштад „Илинден“ бр. 12
2220 Свети Николе

Со назнака:
„За Јавна иницијатива за прибирање на пријави со предлози за доделување на општински признанија и награди – Патрон на градот „Свети Николај“ за 2026 година“.

П Р А В И Л Н И К за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на признанија и награди на Општина Свети Николе превземи тука