Отворена Покана до сите работодавачи за Форум на работодавачи во Општина Свети Николе

Почитувани,

Општина Свети Николе има за чест да Ве покани за учество на настан Форум на работодавачи во Општина Свети Николе коишто е предвиден во рамки на ПРОГРАМА за активностите на Општина Свети Николе во областа на локалниот економски развој во 2023 година, настанот има за цел:

  • Поттикнувањето и зголемувањето на вработеноста и отворањето на нови работни места;
  • Усогласување на понудата и побарувачката на работната сила согласно со потребите на пазарот на трудот;
  • Подобрување на понудата на работна сила;
  • Поттикнување на меѓусебната поголема соработка помеѓу општината и центарот за вработување.

Настан би се одвивал во 3 фази:

1 Фаза презентирање на активните програми и мерки за вработување на Националниот оперативен план за вработување од страна на Центарот за вработување Свети Николе

дел 1 кон заинтересираните работодавачи;

дел 2  и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица за вработување и самовработување.

За терминот за за Одржување на фаза 1 ќе бидете дополнително известени, а истиот е предвидено да се одржува во Големата сала при Општина Свети Николе.

– 2 фаза Едукативен дел невработени лица во помош при изработка на Биографија Curriculum Vitae (CV) и Мотивационо писмо од страна на Центарот за вработување Свети Николе, како и правата од работен однос.

– 3 фаза Поставување на брендиран штанд од страна на заинтерсирани организации со цел презентирање на отворени позиции (сегашни и идини) во вашата организација, претставување на условите за работа коишто им ги нудите на заинтересираните лица  коишто би сакале да се вработат во Вашата организација како и прибирање барања за вработување или практична работа (Ваш приемрок) и Биографии Curriculum Vitae (CV) на заинтересирани невработени лица од Општина Свети Николе.

Предвидено е 3тата фаза да се реазлизира на отвроен настан со локација на Градскиот плоштад, времето на одржување ќе зависи од реализирањето на првите 2 фази како и врменските прилики.

Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе бидете дел од овој настан Би ве замолиле  да потполните Пријава (во Прилог) во којашто ќе наведете и лице за контакт, за времето и агендата на насатанот ќе бидете дополнително навремено повикани и известени од страна на Одделението за локален економски развој и јавни дејности при Општина Свети Николе.

Учеството во настанот во сите фази е од од отворен карактер, за што можете да добиете подетални информации на ler@svetinikole.gov.mk , 032 444 169 локал 124, или  077 725 668 лице за контакт Ивица Арсов

Би Ве замолиле Вашата Пријава да ја доставите најкасно до 25 Август 2023 година, по електорнски пат на  ler@svetinikole.gov.mk

Пријава Работодавач

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora