Предлог текст на Националната стратегија за млади 2023 – 2027 достапен онлајн за разгледување и дискусија!

Почитувани ,

Предлог текстот на Националната стратегија за млади 2023 – 2027 сега е достапен онлајн за разгледување и дискусија, затоа ги повикуваме сите млади на возраст од 15 до 29 години жители на Општина Свети Николе како и сите заинтересирани да земат активно учество во изготвување на Стратегијата!

Агенцијата за млади и спорт ја објави првата драфт верзија на новата Национална стратегија за млади, која е достапна на следниов линк.

По широк консултативен процес со младите во текот на минатата година, текстот на стратегијата е отворен за коментари и предлози за сите кои сакаат да придонесат во креирањето на клучниот документ за развојот на идните младински политки во државата.

Споделете ги вашите коментари најдоцна до 23 Март директно на ЕНЕР  

Или преку Службеникот за млади при Општина Свети Николе на следниве контакти:

ИВИЦА АРСОВ

Контакт E – пошта: ler@svetinikole.gov.mk Телефон: 032 444 169 Локал 124 Мобилен: 077 725 668

Или дерктно во Канцеларијата за млaди При Општина Свети Николе: Ул. Плоштад Илинден бр. 12 Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија бр. 11 – Приземје

Општина Свети Николе го поддржува процесот на креирање на Националната стратегија за млади.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora