Архиви

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на фотографии со мотиви од старо Свети Николе

Почитувани граѓани на Општина Свети Николе,
Со цел поголема промоција и потреба од материјали за промотивен материјал како и организирање на промотивни настани, Општина Свети Николе објавува повик за прибирање на фотографии кои ја прикажуваат убавината, историјата, културата и традицијата на нашата општина.

Фотографиите од Свети Николе и неговото минато често ги пронаоѓаме на повеќе места: семејни албуми, лични архиви, книги, или во поново време на објави на социјалните мрежи. Со цел да се соберат овие вредни моменти на едно место, Општина Свети Николе ги повикува сите граѓани кои поседуваат фотографии, предмети или документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на Свети Николе да ги достават до Општина Свети Николе.

Потребни се фотографии кои ќе ја доловат уникатноста на нашата општина, а посебно:

  • Фотографии од старо Свети Николе, истакнати историски и културни дејци.
  • Инфраструктурни објекти, економски објекти – продавници, фабрики, занаетчии, претпријатија и други карактеристични обележја.
  • Урбани детали, градежни објекти, и пејзажи од Свети Николе и околината.
  • Панорамски фотографии и слики од манифестации.
  • Секој друг вид фотографии кои ќе послужат за изработка на промотивен материјал за промоција на Свети Николе пред пошироката македонска и меѓународна јавност.

Информации за учество

Собраните фотографии ќе бидат искористени за:

  • Изработка на промотивни материјали (брошури, постери, дигитални содржини, веб страна).
  • Организирање изложби и настани кои ќе ја промовираат општината.
  • Презентација на Свети Николе пред пошироката македонска и меѓународна јавност.
  • ќе бидат достапни за сите заинтерсирани граѓани за понатамопна потреба како изработка на монографии, студентски трудови и други пишани изданија.

Информации за учество

  1. Каков тип на фотографии се потребни?
    • Историски и културни знаменитости.
    • Панорами и природни пејзажи.
    • Слики од манифестации, обичаи и традиции.
    • Урбани и инфраструктурни детали.
    • и др.
  2. Каде да ги доставите?
    • Скенирани По е-пошта на: [ler@svetinikole.gov.mk]со назнака „Фотографии“.
    • Или Лично во архивата на Општина Свети Николе со Назнака за Одделение за ЛЕР и ЈД – фотографии кој после дигитално превземање скенирање ќе ви бидат вратени во целост.
  3. Што треба да содржи секоја пријава?
    • Име на објектот или локацијата на фотографијата.
    • Име и контакт на авторот/сопственикот.
    • Превзмеи образец Пријава – тука
  4. Технички барања за фотографиите:
    • Минимална резолуција: 200-300 dpi.
    • Формат: JPEG или PNG.
  5. Рок за поднесување:
    • неограничен.
  6. Што следува понатаму?
    • Одбраните фотографии ќе бидат употребени за промотивни цели, а авторите ќе бидат соодветно наведени.

Контакт информации

За прашања и дополнителни информации:

ИВИЦА АРСОВ

Контакт:

  • E – пошта: ler@svetinikole.gov.mk
  • Телефон: 032 444 169 Локал 124
  • Ул. Плоштад Илинден бр. 12
  • Зграда на Општина Свети Николе
  • Канцеларија бр. 11 – Приземје

Ве покануваме да го дадете Вашиот придонес за промоција на Свети Николе!

ТППЕ
muzej bylazora