Архиви

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ИМААТ СЕДИШТЕ НА ФИРМА ИЛИ ПОДРУЖНИЦА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ, ОДНОСНО СЕ ОБВРЗНИЦИ НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ МУЗИКА ВО ЈАВНИ ЛОКАЛИ

Сите правни или физички лица Угостителски објекти (кафулиња, ресторани, барови, сендвичари, клубови; Трговски објекти и маркети кои користат музика; и услужни дејности кои емитуваат музика),  кои, во вршење на угостителска, трговска или услужна дејност, во објекти отворени за јавност користат музика (преку озвучување, радио приемник, ТВ уред, компјутер или друг вид на еминтер на музика и жива музика). Се должни:

  1. Да поднесат Пријава за упис во регистарот на обврзници на комунална такса за користење музика во јавни локали.
  2. Пријавата со пропратната потребна документација се поднесува до Одделението за комунални работи, во канцелариајта за едношалтерско работење
  3. По доставувањето на пријавата, Одделението за администрирање со даноци и комунални такси  ќе издаде Решение за утврдување на комунална такса за користење музика во јавни локали, кое ќе содржи рок и начин на плаќање.

Уплата на такса

  • Годишна: 6.000 денари,
  • Месечна (по избор на обврзник): 500 денари/месечно.

Уплатата се врши на жиро-сметката на Општина Свети Николе

Напомена:

Овој повик, влегува во сила со денот на објавувањето, а се смета дека обврзникот е запознен за правната обврска. За негативните последици (принудна наплата, парични казни, дополнителни трошоци и друго), кои евентуално можат да настанат, ќе ги сноси самиот обврзник. Доколку сте извршииле уплата, а се уште не е евидентирана, ве замолуваме да се обратите во Општина Свети Николе, Одделението за администрирање со даноци и комунални такси за да доставите доказ за извршената уплата.

Прилог – ПРИЈАВА за упис во регистерот на обврзници на комунална такса за користење на музика во јавните локали превземи ТУКА

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³