Архиви

Соопштение

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02)и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Свети Николе за 2018 година со Одлука бр. 0801- 542 од 27.12.2017 година, од Советот на Општина Свети Николе,Градоначалникот на Општина Свети Николе го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета

по  Предлог ДУП Индустриска зона ЈУГ КО Свети Николе, Општина Свети Николе

 

Граници на опфатот се :

-од северната страна опфатот се движи по осовината на патот кој води конс. Мечкуевци.

– на источната страна минува по осовината на автопатот A4 (Граница соКосово (ГП Блаце)–Крстосница Стенковец-обиколница Скопје –ПетровецМиладиновци-Св.Николе-Штип-Радовиш-Струмица-гр. со Бугарија (ГПНово Село).

– на јужната страна минува исто така по осовината на магистрален пат.

– западната граница се движи по осовината на ул.„Маршал Тито”, односнорегионален пат Р 1204.

Опфатот е со површина од 69.15ха.

 

Јавната анкета и јавната презентација по Предлог ДУП Индустриска зона ЈУГ, КО Свети Николе, Општина Свети Николе,  ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Свети Николе.

Јавната анкета ќе трае петработни дена од денот на одржувањето на јавната презентација, односно почнувајќи од 22.01.2018 заклучно со 26.01.2018 година во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма,секој работен ден од 07:30 до 15:30часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 22.01.2018 годинаво12:30 часот во просториите на Општина Свети Николе.                    

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р Сашо Велковски

 

ТППЕ
muzej bylazora