До сите
• Организации за млади, • Подмладоци на политички партии, • Средношколски или студентски заедници/организации, • Спортски друштва, • Културно-уметнички друштва, • Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
А кои се регистирани и/или делуваат на подрачјето на општина Свети Николе и имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.
Во програмата за активностите на Општина Свети Николе во областа на спорт и млади во 2023 година кадешто во IV. ПОДДРШКА НА млади и Младинско учество се предвидени следниве активности:
- Конституирање на локалното собрание за млади – Спроведување на избор на членки/ови на Совет на Млади – Финансирање на потребите на Канцеларијата за млади;
- Спроведување на иницијатива за формирање на Младински центар.
Како и Согласно обрските на Општина Свети Николе од Законот за младинско учество и младински политики, a поради потребите за спроведување на самите активности ги повикуваме сите погоре наведени организации да ја потполнат следнава Анкета на Тема: Локален младински совет/Младински центар.
Би Ве замолиле истата да ја потполните и да ни ја доставете најдоцна до 19.05.2023 г.
До
Ивица Арсов
Канцеларија за млади
Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје