Архиви

Ј А В Е Н  П О В И К – Буџет на Општина Свети Николе за 2024

за прибирање на барања за користење на средства од Буџет на Општина Свети Николе за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот.

Врз основа на Одлука бр.0701-686 од 31.10.2008 год. и Одлука бр.0701-631 од 29.09.2008 год. донесени од Совет на Општина Свети Николе, Градоначалникот на општината го распишува следниот:

Ј А В Е Н   П О В И К

за прибирање на барања за користење на средства од Буџет на Општина Свети Николе за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот.

1. Потребна документација што здружението на граѓани / фондација треба да ја достави согласно Одлука бр.0701-686 од 31.10.2008 година:

Пропратно писмо со следнава документација во Прилог (докоментацијата да биде архивирана)

– рокот на регистрација на здружението да не е пократок од шест месеци од денот на поднесување на барањето за доделување на средствата за финансирање;

– Соодветна документација за извршена регистрација (Централен регистар), согласно позитивните законски прописи;

– Статут на здружението согласно позитивните законски прописи;

– Годишна програма за работа;

– Наративен и финансиски извештај за последните две години;

– Листа на реализирани домашни и меѓународни проекти и заеднички проекти со општината;

– Пополнет Формулар за аплицирање (потпишан и заверен од овластено лице)  – кој може да се подигне од Канцеларијата за локален економски развој или на веб-страната на општината (svetinikole.gov.mk);

2. Потребна документација што спортските клубови и другите форми на здржување во областа на спортот, како и за идржување на спортски манифестации треба да ја достави согласно Одлука бр.0701-631 од 29.09.2008 година:

Пропратно писмо со следнава документација во Прилог (докоментацијата да биде архивирана)

– Соодветна документација за извршена регистрација, согласно позитивните законски прописи;

– Годишна програма за работа;

– Поднесување на извештај за работа во последните две години (се однесува на клубови кои постојат повеќе од две години), како и извештај за потрошените средства

– Лигата во која се натпреваруваат спортските клубови;

– Број на деца и млади до 14 години и допринос за унапредување на здравјето и спортскиот дух кај младите генерации;

– Пополнет Формулар за аплицирање (потпишан и заверен од овластено лице)  – кој може да се подигне од Канцеларијата за локален економски развој или на веб-страната на општината (svetinikole.gov.mk);

3. Рок и начин на доставување на Барањата

Рокот на поднесување на Барањата и целокупната документација е до 27.10.2023 год. во Архива на Општина Свети Николе секој работен ден од 07:30 ч. до 15:30 часот.

Дополнителни информации можат да се добијат во Канцеларијата за локален економски развој во општината, кај лицата Ивица Арсов, и Кристијан Бошков како и на ВЕБ страната www.svetinikole.gov.mk

ПРИЈАВА

Одлука за утврдување на критериуми за финансирање на спортски клубови и други форми на здружување

ТППЕ
muzej bylazora