Во месец Август/Септември годинава ќе се одржи настан Форум на работодавачи во Општина Свети Николе во организација на Одделението за локален економски развој.
Одделението за Локален економски развој, како еден од организаторите и учесник на Форум на работодавачи, упатува
ЈАВЕН ПОВИК
до сите заинтересирани граѓани и работодавачи
за присуство на едукативни презентации во Општина Свети Николе и тоа во следниве фази:
1 фаза – презентирање на активните програми и мерки за вработување на Националниот оперативниот план за вработување
– дел 1 кон заинтересираните работодавачи;
– дел 2 и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица и останати граѓани за вработување и самовработување.
– 2 фаза Едукативен дел за невработени лица во помош при изработка на Биографија Curriculum Vitae (CV) и Мотивационо писмо како и правата од работен однос.
– 3 фаза Поставување на брендиран штанд од страна на заинтерсирани организации/работодавачи со цел презентирање на отворени позиции (сегашни и идини) во вашата организација, претставување на условите за работа коишто им ги нудите на заинтересираните лица коишто би сакале да се вработат во Вашата организација како и прибирање барања за вработување (Ваш приемрок) и Биографии Curriculum Vitae (CV) на заинтересирани невработени лица од Општина Свети Николе.
1 фаза и 2 фаза ќе се одржуваат во просториите на Општина Свети Николе (голема сала на советот на Општина Свети Николе).
3 фаза ќе бите од отоворен карактер со локација на Градскиот плоштад.
Настанот е од отворен карактер и е отворен за сите заинтересирани граѓани и работодавачи.
По завршување на 1 и 2 фаза е предвидена можност за прашања од присутните и дискусија.
Со цел организирање на настанот во зависност од искажаниот интерес од граѓаните и работодавачите, сите заинтересирани треба да го најават своето присуство преку потполнување на пријава кај лицето:
Ивица Арсов
Општина Свети Николе
Канцеларија бр. 11 ЛЕР (приземје)
Или на
– е-адресата ler@svetinikole.gov.mk
Пријавата може да се подигне од веб страната на Општина Свети Николе или да се побара од е-адресата ler@svetinikole.gov.mk
Притоа, секој заинтересиран треба да наведе за која фаза најавува присуство.