JАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани граѓани и работодавачи за присуство на Форум за работодавачи

Во месец Август/Септември годинава ќе се одржи настан Форум на работодавачи во Општина Свети Николе во организација на Одделението за локален економски развој.
Одделението за Локален економски развој, како еден од организаторите и учесник на Форум на работодавачи, упатува


ЈАВЕН ПОВИК
до сите заинтересирани граѓани и работодавачи
 за присуство на едукативни презентации во Општина Свети Николе и тоа во следниве фази:


1 фаза – презентирање на активните програми и мерки за вработување на Националниот оперативниот план за вработување  

дел 1 кон заинтересираните работодавачи;

дел 2  и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица  и останати граѓани за вработување и самовработување.

 – 2 фаза Едукативен дел за невработени лица во помош при изработка на Биографија Curriculum Vitae (CV) и Мотивационо писмо како и правата од работен однос.

– 3 фаза Поставување на брендиран штанд од страна на заинтерсирани организации/работодавачи со цел презентирање на отворени позиции (сегашни и идини) во вашата организација, претставување на условите за работа коишто им ги нудите на заинтересираните лица коишто би сакале да се вработат во Вашата организација како и прибирање барања за вработување (Ваш приемрок) и Биографии Curriculum Vitae (CV) на заинтересирани невработени лица од Општина Свети Николе.

1 фаза и 2 фаза ќе се одржуваат во просториите на Општина Свети Николе (голема сала на советот на Општина Свети Николе).

3 фаза ќе бите од отоворен карактер со локација на Градскиот плоштад. 

Настанот е од отворен карактер и е отворен за сите заинтересирани граѓани и работодавачи.

По завршување на 1 и 2 фаза е предвидена можност за прашања од присутните и  дискусија. 

Со цел организирање на настанот во зависност од искажаниот интерес од граѓаните и работодавачите, сите заинтересирани треба да го најават своето присуство преку потполнување на пријава кај лицето:

Ивица Арсов

Општина Свети Николе

Канцеларија бр. 11 ЛЕР (приземје)

Или на

–       е-адресата ler@svetinikole.gov.mk

Пријавата може да се подигне од веб страната на Општина Свети Николе или да се побара од  е-адресата ler@svetinikole.gov.mk

Притоа, секој заинтересиран треба да наведе за која фаза најавува присуство.

Пријава Невработени

Пријава Работодавач

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora