Архиви

НВО Регистар

Одделенито за образование, спорт, култура и локален економски развој, социјална заштита и заштита на децата при Општина Свети Николесогласно потребите за реализација на активност од Програмата за Локален екононмски развој во 2018 година бр. 0801-514 донесена од Советот на Општина Свети Николе на 15.12.2018 година, изврши изработка на база на податоци – регистар на здруженија на граѓани, НВО – организации, фондации и др. За таа цел до најголем дел од организациите беше доставувен Прашалник за потполнување на барани информации.

Резултат на тоа собирање на информации е РЕГИСТАРОТ на здруженија на граѓани, НВО – организации, фондации и други здружувања на граѓани кошто континуирано ќе се дополнува со информации.

Регистарот е достапен за сите заинтересирани страни во поглед на вмрежување или соработка со НВО секторот коишто е активен на територијата на Општина Свети Николе.

Потполнувањето на самиот РЕГИСТАР на здруженија на граѓани, НВО – организации, фондации и други здружувања на граѓани ќе се врши континуирано.

Одделенито за образование, спорт, култура и локален економски развој, социјална заштита и заштита на децата при Општина Свети Николе ги охрабрува сите останати здруженија на граѓани, НВО – организации, фондации и други здружувања на граѓани а се активни на територијата на Општина Свети Николе, да достават потполнет ПРАШАЛНИК во коишто ќе ги потполнат бараните информации.

Воедно сите одние кои се вметнати во самиот Регистар може да извршат корекција или ажурирање на податоците во истиот во секое време.

Потполнетиот прашалник треба да се достави до Архива на Општина Свети Николе со Назнака: За База на податоци –  НВО или во електронска форма на ler@svetinikole.gov.mk

Побарајте електронски образец на ler@svetinikole.gov.mk или истиот може да го превземете од  WEB страната на Општина Свети Николе www.svetinikole.gov.mk

 

РЕГИСТАР НА НВО до 05.12.2018

ПРАШАЛНИК за регистрација