ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

 

Основно Општинско Училиште „Гоце Делчев“ Свети Николе е формирано во 1900 година и работи до ден денес. Во состав на училиштето работат и подрачните училишта во село Црнилиште и село Горобинци. Централното училиште работи во две смени со 13 паралелки во одделенска настава и 12 паралелки во предметна настава, додека пак подрачното училиште во село Горобинци во една смена со 5 паралелки за одделенска настава и 4 паралелки за предметна настава, подрачното училиште во село Црнилиште работи во една смена со 3 комбинирани паралелки за одделенска настава. Вкупен број на ученици во училиштето со подрачните училишта изнесува 500 ученици и вкупен број на вработени лица изнесува 78 од кои – за одделенска настава 21 наставник, за предметна настава 35 наставници, бројот на раководен кадар изнесува 2 лица од кои еден директор и еден помошник на директорот, стручни соработници – 4 лица и тоа педагог, психолог, библиотекар и социолог, технички персонал од 14 лица, административен кадар од 2 лица – секретар и благајник. Во централното училиштето има инсталиран систен за парно греење. Наставата се изведува на македонски јазик.

контакт податоци на училиштето:

адреса: ул. „Цветан Димов“ бб, 2220 Свети Николе

тел: 032 443 158

е-пошта: ougocedelcev@yahoo.com

директор:Билјана Мишева

тел: 076 436 782

е-пошта: bile_nas@yahoo.com

 

Основно Општинско Училиште „Кирил и Методиј“ Свети Николе е формирано во 1969 година и работи до ден денес. Во состав на училиштето работи и подрачното училиште во село Ѓуѓанци.Централното училиште работи во две сменисо 18 паралелки во одделенска настава и 14 паралелки во предметна настава, додека пак подрачното училиште во селоЃуѓанци во една смена со 1 комбинирана паралелка за одделенска настава. Во склоп на училиштето работи и верифицирана паралелка за лица со посебни образовани потреби опремена со простории за учење, одмор и рекреација на учениците како и со соодветен наставен и стручен кадар. Вкупен број на ученици во училиштето со подрачните училишта изнесува 627 учениции вкупен број на вработени лица изнесува 75 од кои – за одделенска настава19 наставници, за предметна настава 29 наставници,бројот на раководен кадар изнесува 2 лица од кои еден директор и еден помошник на директорот,стручни соработници – 7 лицаи тоа педагог, психолог, библиотекар, социолог, логопед и два дефектолози, технички персонал од 15 лица,административен кадар од 3 лица – секретар, технички секретар и благајник. Во централното училиштето има инсталиран систен за парно греење. Наставата се изведува на македонски јазик.

контакт податоци на училиштето:

адреса: ул. „Ангел Трајчев“ бр. 40, 2220 Свети Николе

тел: 032 443 110

е-пошта: oukirilimetodij@yahoo.com

директор:вд директор Саша Мицевска

тел: 076 376 183

е-пошта: sashamicevska@yahoo.com

 

Основно Општинско Училиште „Даме Груев“ село Ерџелија, Свети Николе е формираново 1966 годинаи работи до ден денес. Во состав на училиштето работат и подрачните училишта во село Мустафино, село Кадрифаково, село Амзабегово и село Пеширово. Централното училиште со седиште во село Ерџелија работи во една смена со 5 паралелки во одделенска настава и 6 паралелки во предметна настава, додека пак подрачното училиште во село Мустафино во една сменасо 2 комбинирани паралелки, во село Кадрифаково во една смена со 1 комбинирана паралелка, во село Амзабегово во една смена со1 чиста паралелка и 2 комбинирани паралелки и во село Пеширово со 1 комбинирана паралелка.Вкупен број на ученици во училиштето со подрачните училишта изнесува 213 ученици и вкупен број на вработени лица изнесува48 од кои – за одделенска настава 14 наставници, за предметна настава 20 наставници, бројот на раководен кадар изнесува 1 лице – директор,стручни соработници – 3 лица и тоа педагог, психолог, библиотекар, технички персонал од 8 лица,административен кадар од 2 лица – секретар благајник и сметководител. Наставата се изведува на македонски јазик. Во централното училиштето има инсталиран систен за парно греење.

контакт податоци на училиштето:

адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 31, с. Ерџелија, 2220 Свети Николе

тел: 032 459 020

е-пошта: damegruev87@yahoo.com

директор:Александар Ивановски

тел: 078 345 855

е-пошта: ivanovskiace22@gmail.com