ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ – номинирање на претставници од формите на организирање и здружување на младите за формирање на Локално Собрание за млади

Опис на јавниот повик:

Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Свети Николе распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Право на учество:

Јавниот повик е отворен и упатен до сите форми на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се:

  • младинските организации;
  • организации за млади;
  • политички подмладоци;
  • ученички и студентски заедници/организации;
  • Спортски друштва;
  • Културно-уметнички друштва;

и други облици на младинско здружување.

кои ќе ги исполнат следните критериуми:

• Да имаат активности на територијата на Општина Свети Николе;

• Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

Цел на овој повик: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски заедници/организации и други облици на младинско здружување да поднесат пријава до Општина Свети Николе со која ќе номинират свои членови (делегат и заменик делегат), заради спроведување на постапката утврдена со Законот за младинско учество и младински политики за формирање на Локален младински совет на Општина Свети Николе. Номинираните членови за локално собрание на млади кои ќе бидат номинирани за делегат/заменик делегат треба да се:

  •  жители на општина Свети Николе
  • и да се на возраст од 15-29 години

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Пријава за номинација на делегат и заменик делегат поднесена од младинска организација (Прилог бр.1- Превземи тука);
  • Портфолио на организацијата/групата/здружението, (освен за политички подмладок);
  • Годишна Програма за работа;
  • Извештај за работата на здружението за 2023 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијативи во општината.
  • Писмо за делегат и заменик делегат на локалното младинско собрание и контакт информации за истите (Прилог бр.1 – Превземи тука)
  • Кратко мотивационо писмо од страна на предложениот делегат заменик делегатт и кратка биографија
  • Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице (Прилог бр.2 – Превземи тука)
  • Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата (Прилог бр.3 – Превземи тука)

Начин на поднесување на документите, рок и место:

Пријавите со потребната документација во еден оригинален примерок, потпишана од одговорното лице на организацијата, се доставуваат на е-маил адресата на службеникот за млади на Општина Свети Николе ler@svetinikole.gov.mk и до архивата на Општина Свети Николе секој работен ден од 07:30-15:00 часот со назнака:

“До Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Свети Николе“

со Ознака „Номинирање на претставници од формите на организирање и здружување на младите за формирање на Локално Собрание за млади

Некомплетните и пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик нема да бидат земени предвид.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Свети Николе, односно од 31.01.2023 година.

Краен рок за поднесување на пријави: Крајниот рок за поднесување на пријави  е 09.02.2024 година до 15:30 часот.

Постапка за разгледување на поднесените пријави: Поднесените пријави ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Свети Николе, при изборот Иницијативниот одбор треба да се водат од принципите на иклузивност и родова застапеност. Избраните Делегати ќе бидат потврдени со а предлог од ИО до Комисија, за верификација мандатни прашања, избори и именувања при Советот на Општина Свети Николе. По спроведување на постапката по јавниот повик, на предлог на Комисијата, Претседатлот на Советот со Решение ке ги верифицира избраните делагати/заменик делагати

Иницијативен одбор (ИО) согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Избраните Делегати/заменик делегати ќе бидат поканети од Иницијативниот одбор на Конститутивна седница на Локалното собрание за млади.

Задача на Локалното Собрание за млади:

Собранието на млади објавува јавен повик за членови на локален младински совет, и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Лице за контакт и повеќе информации:

Службеник за млади во Општина Свети Николе – Ивица Арсов

Е-маил: ler@svetinikole.gov.mk

Адреса: Општина Свети Николе, ул. Плоштад Илинден бр.12, 2220 Свети Николе

Тел: 032 444 169 лок. 124

Јавен Повик – Превземи тука

Прилог бр.1- Превземи тука

Прилог бр.3 – Превземи тука

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora