Во рамки на ЈАВЕН ПОВИК за доделување микрогрантови во рамки на Фондот за климатска акција на младите (Youth Climate Action Fund) поддржан од Bloomberg Philanthropies, Општина Свети Николе организира прва работилница за млади, посветена на развивање идеи и решенија за климатските и еколошките предизвици во локалната заедница.

На работилницата младите ќе имаат можност чекор по чекор да ги развиваат своите идеи:
💡 Од предизвик до идеја – препознавање на проблеми и бура на идеи за можни решенија;
🔎 Од идеја до решение – што е идејата, кому му помага и како може да функционира во пракса;
🛠️ Од решение до акција – кои ресурси се потребни и кои се следните чекори за реализација.
📅 21 септември 2026 година
🕛 12:00 – 15:00 часот
📍 Голема Општинска сала, Свети Николе
👉 Регистрирајте се како тим
Доколку имате идеја или сакате заедно со други млади да развиете решение за климатски или еколошки предизвик во вашата заедница, регистрирајте се како тим.
Потребно е секој тим што сака да учествува а досега не се регистрирал да се регистрира на линкот. 👉 ТУКА
Ве очекуваме! 🌱
Заедно да ги претвориме идеите на младите во конкретни климатски акции во Свети Николе.
Сите информации 👉 ТУКА https://youthclimatefund.svetinikole.gov.mk/#home
Превземи јавен повик 👉 ТУКА
Превземи апликационен формулар 👉 ТУКА
Превземи Образец за проверка на исполнети услови за пријава за микрогрант 👉 ТУКА
Превземи Критериуми за евалуација 👉 ТУКА
Превземи Агенда за Прва работилница 👉 ТУКА
Оваа активност е овозможена преку поддршката на Младинскиот фонд за климатска акција, проект спонзориран од Rockefeller Philanthropy Advisors.













