Архиви

Индустриски зони

Индустриски зони

Силни страни на економскиот развој на општина Свети Николе се расположливите индустриски капацитети, поволните услови за инвестиции и поволностите што ги нудат индустриските зони. За потребите на локалниот економски развој на општина Свети Николе, локалната администрација има донесено 3 и работи на уште 2 урбанистички планови за развој и урбанизација на индустриските зони во општина Свети Николе.

 

Урбанистички планови кои се на важност:

–          УПВНМ за индустриска зона Овче Поле со плански опфат од 58,05 ха

–          ДУП за индустриска зона за објекти од мало стопанство со плански опфат од 14,69 ха

–          ДУП за дел од УЕ 2 локалитет Мавровица со плански опфат од 2,94 ха.

 

Урбанистички планови кои се во фаза на донесување

–          ДУП за индустриска зона Југ со плански опфат од 69,15 ха

–          УПВНМ за објекти од мало стопанство МВ Беш Карач КО Горобинци со плански опфат од 3,40ха.