Локална инфраструктура
4.13.1. Патишта и сообраќај
Покрај општина Свети Николе поминува новиот автопат А4 – автопатот: Миладиновци – Свети Николе – Штип, поминуваат два регионални патишта: Р1 и Р2, како и патните правци: А3м, кој се протега од Велес кон Штип и е на оддалеченост од градот Свети Николе 9,5 км низ Овчеполската рамнина, како и патниот правец Р1204 кој се протега од Куманово кон Штип, кој поминува низ град Свети Николе.
Регионалниот пат Р1:
– Р1204 Куманово – Свети Николе – Овче Поле – Кадрифаково – Штип
Регионалниот пат Р2:
– Р2236 Свети Николе – Мечкуевци – Пуздерци – Неокази
– Р2135 Свети Николе – Горобинци – Преод – Малино – Горно Коњаре
На овие два патни правци се поврзани повеќе локални патни правци:
– село Ерџелија – А4;
– село Кадрифаково – А4 и А3м;
– град Свети Николе – А4 и А3м;
– село Црнилиште – Р1204 и А3м;
– село Сарамзалино – А3м;
– село Делисинци – А3м;
– село Богословец – А3м;
– село Немањици – А4 и Р2236;
– село Пеширово – Р1204;
– село Орел – Р1204;
– село Ѓуѓанци – Р1204;
– село Мездра – Р1204;
– село Стањевци – Р1204;
– село Павлешенци – Р1204;
– село Крушица – Р2135;
– село Сопот – Р2135;
– село Гороницни – Р2135;
– село Преод – Р2135;
– село Малино – Р2135.
Состојбата со патната инфраструктура е следна:
тип на пат | вкупна должина на патот | процентуално учество во вкупната патна мрежа во општината |
асфалтирани локални патишта | 51,06 км | 50,755 % |
тампонирани локални патишта | 26,80 км | 26,640 % |
земјени коловози | 6,20 км | 6,163 % |
не пробиени патни правци | 16,54 км | 16,442 % |
Вкупно | 100,60 км | 100% |
таб. бр. 22. Преглед на состојбата со патната инфраструктура во општина Свети Николе
Вкупниот број на регистрирани возила на територија на општина Свети Николе изнесува 3.604 и според овој податок, процентот на застапеност во однос на вкупниот број на жители во општината изнесува 5,12% или на секој 5-ти жител/едно возило.
Регистрирани моторни возила на територија на општина Свети Николе по категории
Тип на возило | број на регистрирани возила |
Возила (автомобили, камиони и автобуси) со приклучни возила | 2.703 |
Велосипед со мотор (и скутери) | 446 |
Трактори | 250 |
Моторцикли (над 50см3) | 205 |
Вкупно | 3.604 |
таб. бр. 23. Преглед на регистрирани возила на територија на општина Свети Николе по категории